MАЛТА – 10.05-13.05.2024

1 ден: 10.05.2024 (петок) СКОПЈЕ -МАЛТА

Состанок на групата Скопскиот аеродром 17:00 часот  . Полетување за Ла Валета во 19:10ч. Пристигнување во 21:00 часот. Трансфер до хотелот .Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден : 11.05.2024 (сабота) МДИНА И ВАЛЕТА

Појадок.  Во пладневните  часови  факултативна  посета   на  Мдина, стариот средновековен главен град на Малта -Мдина остана центар на малтешкото благородништво и религиозните власти (и имотот во голема мера продолжува да се пренесува од семејства и од генерација на генерација), но никогаш не го врати своето значење од пред 1530 година, давајќи го популарниот прекар „Тивки град“. и од локалното население и од посетителите. Во Мдина не се дозволени автомобили (освен ограничен број жители, возила за итни случаи, свадбени коли и коњи), делумно зошто го добил прекарот „Тивкиот град“. Градот прикажува необичен спој на норманска и барокна архитектура , вклучувајќи неколку палати, од кои повеќето служат како приватни домови.Во попладневните  часови се  упатуваме  Валета град кој е зачуван во старите ѕидини и има во потполост сочуван дух од минатите времиња.Градот има неколку згради со извонредна историска важност, денес се на списокот на УНЕСКО на светска градина. Најзначајни згради се:Ко-катедралата на Свети Јован, поранешена манастирска црква на Малтешките витези,Палата Кастиљ (денес зграда на претседателот на владата),Градби кои витезите ги направиле за да го заштитат градот од напади,Палата на Големиот мајстор (денес седиште на малтешкиот парламент) и Национален музеј на убава уметност. Враќање во хотел  Ноќевање.

3 ден: 12.05.2024( недела) МАЛТА–ГОЗО

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.Гозо бил важно место за културна еволуција, а во текот на неолитот биле изградени храмовите Ѓантија ; тие се меѓу најстарите самостојни структури во светот, како и најстарите религиозни структури во светот. Името на храмот е малтешко за „припаѓање на гигантите“, бидејќи легендата во малтешкиот и гозитанскиот фолклор вели дека храмовите биле изградени од гиганти. Друг важен малтешки археолошки локалитет во Гозо, кој датира од неолитскиот период, е Камениот круг Ксагара .Попладне враќање во хотел..  Ноќевање.

4 ден:13.05.2024 (понеделник) МАЛТА –  СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот Слободно време за индивидуални активности .Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21.30 часот.Пристигнување во Скопје во 23.10 по полноќ.

Цената на аранжманот е по лице и  вклучува:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Багаж со димензии 40 х 30 х 20 cm , максимум 8 kg
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
  • Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување
  • Посета на Гозо, Мдина и Валета.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници за културно историските музеи
  • Доплата за багаж – информација во агенција
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса се плака во хотел
  • Индивидуални трошоци

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

Важноста на пасошот мора да биде мин 6 месеца до денот  на враќањето.

 

Рана уплата до: 15.04.2024 – 329 еу.

Редовна цена: 379 еу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВИКЕНД АВИОНСКИ ПРОГРАМИ

ДУБАИ – 15.05-20.05.2024

15.05 – 20.05.2024   Програма: 1 ден: СКОПЈЕ – ТИРАНА –ДУБАИ Сoстанок на групата и тргнување кон Тирана. Лет за Дубаи во . Трансфер од аеродром до хотел во Дубаи . Сместување во хотел 3* во Дубаи. Ноќевање 2 – 5 ден: ДУБАИ Појадок. Денови за индивидуални активности или организирани излети. 6 ден: ДУБАИ – […]

Read More
ВИКЕНД АВИОНСКИ ПРОГРАМИ

Стразбур – 14.03 – 17.03.2024

Авион  4 дена /3 ноќевања Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсажот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУР, кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој […]

Read More
ВИКЕНД АВИОНСКИ ПРОГРАМИ

Прага- 07.03-10.03.2024

1 ден: (07.03.2024 – четврток ) Скопје- Прага Состанок на аеродромот во Скопје во 10:35.Полетување за Прага во 12:35 ч., со еден стоп во Виена.Слетување во Прага во 16:00 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време.Во вечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на […]

Read More