Велигден- Хрватска и Словенија

ТЕРМИН:02.05-06.05.2024

ПРОГРАМА:

1 ден: 02.05.2024 (четврток) Штип-Љубљана
Во вечерните состанок на групата  и поаѓање за Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден:03.05.2024 (петок) – Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич. Улица Боговиќева најпозната во Загреб , плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, катедралата која што е монументална градба итн. Потоа сместување на групата во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Вечера и  ноќевање.

3 ден: 04.05.2024година (сабота) – Љубљана-Блед-Бохињ
Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи. Потоа заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Во попладневните часови се упатуваме во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот. Враќање во Загреб , вечера и ноќевање.

 4 ден:05.05.2024 (недела) – Постоинска јама
Појадок и заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа.Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Вечера и ноќевање.

5 ден: 06.05.2024 (понеделник)- Загреб -Плитвички Езера-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот национален парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должина е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Организиран разглед со локален туристички водич. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнувањево Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА: 149 €

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Три ноќевања на база полупансион хотел  во Загреб
– Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
– Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Влезница за Плитивичките Езера- 40€
– Влезница во Постоинска Јама- 40€ (резервација во агенција)
– Блед и Бохињ- 30€
Пакет факултативи 100€
– Можност за пловидба со чамец по Бледското Езеро
– Влезница во црквата „Света Марија“ на Блед
– Патничко осигурување

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВЕЛИГДЕН 2024

ВЕЛИГДЕН – ЗЛАТИБОР

1 ДЕН:02.05.2024 ( Четврток ) Состанок со групата во 22.30 час, поаѓање од Скопје во 23.00 час, 23.30 час. – Куманово. Се патува преку граничен премин Табановце, само со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.   2 ДЕН: 03.05.2024( Петок ) Пристигнување во Златибор во утринските часови. Посета на Сирогојно– посета […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2024

Велигден – Тоскана

Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Со величествената […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2024

Велигден – Сокобања – 3 ПА

1 ДЕН: 03.05.2024 – Петок Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање. 2 […]

Read More