Велигден – Тоскана

Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.

Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…

ПРОГРАМА:

1 ден: 01.05.2024 (среда) Скопје – Италија

Состанок на групата околу 11:00ч. на паркингот кај хотел Континентал. Поаѓање за Италија, околу 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден: 02.05.2024 (четврток) Болоња – Монтекатини

Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.

3 ден: 03.05.2024 (петок) Монтекатини- Cinque Terre-Пиза-Монтекатини

Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на  регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа во вечерните часови се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ден: 04.05.2024 (сабота) Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.

5 ден:  05.05.2024 (недела) Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви (17:00- 18 :00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден: 06.05.2024 (понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните  часови .

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189

Цената на аранжманот вклучува:

  • 3 ноќевања во Grand Hotel Nizza 4*со појадок во Монтекатини,
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Посета на Болоња
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна река (Сирково), Велес
  • Организација со професионален туристички придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и вечерна посета на Пиза – 50€
  • Посета на Фиренца – 30€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице)
  • Патничко здравствено осигурување 300ден
  • Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)

Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВЕЛИГДЕН 2024

ВЕЛИГДЕН – ЗЛАТИБОР

1 ДЕН:02.05.2024 ( Четврток ) Состанок со групата во 22.30 час, поаѓање од Скопје во 23.00 час, 23.30 час. – Куманово. Се патува преку граничен премин Табановце, само со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.   2 ДЕН: 03.05.2024( Петок ) Пристигнување во Златибор во утринските часови. Посета на Сирогојно– посета […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2024

Велигден- Хрватска и Словенија

ТЕРМИН:02.05-06.05.2024 ПРОГРАМА: 1 ден: 02.05.2024 (четврток) Штип-Љубљана Во вечерните состанок на групата  и поаѓање за Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности. 2 ден:03.05.2024 (петок) – Загреб Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич. Улица Боговиќева најпозната во Загреб , плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2024

Велигден – Сокобања – 3 ПА

1 ДЕН: 03.05.2024 – Петок Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање. 2 […]

Read More