ВЕЛИГДЕН – ЈУЖНА АЛБАНИЈА

ЃИРОКАСТРО – САРАНДА – КСАМИЛ – ПЛАВО ОКО

1 ДЕН: (02.05.2024) Четврток

Состанок со групата во 23.30 часот. Поаѓање за Албанија во 00.00 часот. Ноќно возење, се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: (03.05.2024) Петок

Пристигнување во утринските часови во Ѓирокастро или Аргирокастро  – град во Јужна Албанија, имено главен град на историската област Северен Епир. Името на градот значи “ Сребрена тврдина“ на грчки јазик. Градот е вклучен во списокот на УНЕСКО за светско наследство како “ редок пример на  добро сочуван отомански град, кој го создале велепоседниците“. Имено Ѓирокастро е познат и по тоа што е родниот град на Енвер Хоџа. Посета на стариот дел на градот, старата турска чаршија изградена во 17 век , како и посета на родната куќа на Енвер Хоџа. Слободно време за прошетка. Во пладневните часови поаѓање за Саранда. Пристигнување во Саранда во попладневните часови. Сместување во Хотел Пини 3*. Ноќевање.

3 ДЕН: (04.05.2024) Сабота

Доручек. После доручекот посета на археолошкиот локалитет – Бутринти кој датира од 1 век п.н.е, кој и воедно се наоѓа во истоимениот национален парк. Разглед на познатото туристичкото место- Ксамил. Во попладневните часови враќање во Саранда – разглед на градот и слободно попладне за индивидуални акивности.  Вечерта можност за посета на православната црква Св. 40 Маченици – Саранда .Ноќевање.

4 ДЕН: (05.05.2024) Недела

Доручек. Слободен ден за релаксација, прошетка низ Саранда или релаксација на плажа. Ноќевање.

5 ДЕН: ( 06.05.2024) Понеделник

Доручек. После доручекот поаѓање за Македонија – со попатна посета на природниот феномен Плаво Око. Плаво око или Blue Eye – овој природен феномен е извор кој е  со константна температура од 10 степени целзиусови, дури и на летните горештини. Водата на синото око е толку чиста што можете да ја видите секоја мала честичка. Се нарекува Сино око бидејќи изворот изгледа како око ако погледнете од металната кула за гледање нсд него.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129

ВО ЦЕНАТА  Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената дестинација со високо- туристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел Пини 3* – Саранда
  • Посета на: Ѓирокастро, Бутринти, Ксамил и Плаво Око
  • Пратител за време на целото патување
  • Организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезници за националниот парк Бутринти – 5 €
  • Патничко – здравствено осигурување – 180 мкд.
  • Можност за доплата вечера во национален ресторан -15€

НАПОМЕНА:

  • Се патува со важечка лична карта.
  • За резервација потребна е аконтација од 30%, доплата една недела пред поаѓање.
  • За сопствен превоз се намалува 30 евра од цената.
  • Деца до 2 години не плаќаат, 2-6 год – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра, деца од 6 – 11.99 год. -30% попуст.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВЕЛИГДЕН 2024

ВЕЛИГДЕН – ЗЛАТИБОР

1 ДЕН:02.05.2024 ( Четврток ) Состанок со групата во 22.30 час, поаѓање од Скопје во 23.00 час, 23.30 час. – Куманово. Се патува преку граничен премин Табановце, само со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.   2 ДЕН: 03.05.2024( Петок ) Пристигнување во Златибор во утринските часови. Посета на Сирогојно– посета […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2024

Велигден- Хрватска и Словенија

ТЕРМИН:02.05-06.05.2024 ПРОГРАМА: 1 ден: 02.05.2024 (четврток) Штип-Љубљана Во вечерните состанок на групата  и поаѓање за Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности. 2 ден:03.05.2024 (петок) – Загреб Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич. Улица Боговиќева најпозната во Загреб , плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2024

Велигден – Тоскана

Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Со величествената […]

Read More