Вила “ Natasha “ Ханиоти

Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 80 метри од плажата. Вилата располага со студија, апартмани и дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, клима и пешкири. Има лифт, а спроти вилата има јавен паркинг.

Студио бр.30 и бр.31 – трокреветно студио со брачен и единечен кревет на 3кат.

Апартман бр.22 – трокреветен апартман со две соби, кујна со единечен кревет и спална со брачен, на 2кат.

Апартман бр.27 – четворокреветен апартман со две соби, кујна со два единечени кревет и спална со брачен, на 3кат.

Апартман бр.28 – четворокреветен апартман со три соби, кујна и две спални со по два единечени кревет на 3кат.

 

 

Попуст 12 % за 50 % уплата заклучно со 08.03.2024

ТЕРМИН НАЕМ 1/3 апп/стд 1/4апп/ дуплекс
19.05 7 ноќи 220€ 250
26.05 7 ноќи 240€ 310
02.06 7 ноќи 290€ 370
09.06 7 ноќи 390€ 460
16.06 7 ноќи       430 490
23.06 7 ноќи 490 530 €
30.06 7 ноќи 510 550 €
07.07 7 ноќи 530 590
14.07 7 ноќи 570 690 €
21.07 7 ноќи 570 690 €
28.07 7 ноќи 570 690 €
04.08 7 ноќи 570 690 €
11.08 7 ноќи 570 690
18.08 7 ноќи 570 690 €
25.08 7 ноќи 520 590
01.09 7 ноќи 400 520
08.09 7 ноќи 360 450
15.09 7 ноќи 330€ 390
22.09 7 ноќи 290 320

 

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7/8 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Цените во табелата дадени за 1/4 се однесуваат и на апартман и на дуплекс.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35 евра / Еден правец 30 евра.

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

TУРЦИЈА ЛЕТО 2024 ОСТРОВ АВША - ТУРЦИЈА

Гранд Авша Хотел

GRAND HOTEL  – AVSA Хотелот  GRAND AVSA, се наоѓа во центарот на островот Авша покрај самото шеталиште и на сама  плажа. Располага со 1/2 и 1/3 соби комплетно опремени со: ТВ, мини-фрижидер, тоалет, 24 часа топла вода, клима, балкон , WI- FI, сопствен априватна плажа.     ТЕРМИН   УСЛУГА Цена по лице,со превоз 21.06 […]

Read More
АЛБАНИЈА ЛЕТО 2024

Вила Виор – Валона

Вилата “ Виор “ се наоѓа во градот Валона, на Јадранско Море на 600 м. оддалеченост од центарот на градот и на само 100 м. оддалеченост од прекрасната песочна плажа Lungo mare.  Располага со 1/3 + 1 студиа, сите комплетно опремени со сопствено купатило, кујна, ТВ, балкон, WI-FI. ТЕРМИН 1/3+1 СТУДИО 15.06 – 22.06.2024 275€ […]

Read More
TУРЦИЈА ЛЕТО 2024 ОСТРОВ АВША - ТУРЦИЈА

Аташ Аква Хотел 3* – Авша

ATAШ АКВА ХОТЕЛ 3*- АВША АТАШ АКВА ХОТЕЛ 3* , се наоѓа  на островот  Авша на  мин. Пешачење од  плажа во центарот на градот. Располага со 1/2, 1/3 соби , комплетно опремени со: ТВ, мини фрижидер, тоалет, 24 часа топла вода, клима, балкон , WI- FI.   ТЕРМИН   УСЛУГА Цена по лице,со превоз 21.06 […]

Read More