8 ми Март – Истанбул

Редовна цена:119 евра

Цена со рана уплата до 31.12 : 109 евра

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

 

Програма на патување: Истанбул

1 ДЕН (четврток) -07.03.2024

Состанок на групата во 16:30 . Во 17:00 час поаѓање за Истанбул. Ноќно возење преку Грција со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН (петок) – 08.03.2024

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Сместување во хотелот (во собите, диколку е можно толку рано).  Краток одмор и се упатуваме   на пешачка тура.  Турата започнува од самиот хотел преку Капали Чаршија до срцето  на  Истанбул-Плоштадот Султан Ахмед. Во минатoто  на негово место се наоѓал Хиподромот кој  служел за коњички трки. Денеска на овој плоштад се наоѓа и најпознатата џамија со 6 минариња-Сината Џамија, Аја Софија-изградена во времето на владеење на Царот Јустинијан како најголена византиска црква. Факултативна посета на стариот султанов дворец Топкапи Палатата, која ги чува приказните за огромното богатство на султаните. Враќање во хотел. Во попладневните часови (во договорено време) се упатуваме на Нокен Истанбул со посета на позната кула Сафир (една од највозбудливите факултативи, после крстарењето), а потоа –  Посета на Плоштадот Таксим и познатата уличка „Истикал“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај – Слободно време. Враќање во хотел и ноќевање.

3 ДЕН (сабота) – 09.03.2024

Појадок. Факултативна посета на Балат – една од најстарите христијански населби во Турција и посета на Вселенската патријаршија, ќе имаме можност да ја посетиме и една од најстарите цркви Св.Стефан Бугарски во Истанбул изградена од македонци и единствената лимена црква изградена на Балканот.

Факултативно крстарење по Босфор (околу 90 минути) – ќе имаме можност да го доживееме преубавиот Истанбул и да ги доловиме одблизу најпознатите палати каде што се снимаат најпознатите Турски серии и дел од историските наследства кои се значајни.

 Факултативна посета на Долма Бахче Палатата во која е преточено целото богатство и раскош во кој уживале султаните. Раскошот на внатрешноста може само да се доживее со посета на истата, за која се употребени 14 тони злато, 40 тони сребро, прекрасни лустери, 288 соби, 68 тоалети прекрасни градини…)

Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.

Во вечерните часови факултативна Турска вечер на брод . Вклучено прејадење, главно јадење, салата, десерт, неограничено пиење и музичко шоу, традиционални танци, стомачни танци, забавен дел. Програмата е во времераење од 4 часа.

Враќање во хотел. Ноќевање.

4  ДЕН (Недела) – 10.03.2024

Појадок. Одјавување од хотел.  Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум Turkuazo, Ikea, Decatlon, Koctas…

Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.. Нокно возење преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ПЕТТТИ  ДЕН (Понеделник) – 11.03.2024

Предвидено пристигнување во раните утрински  часови.

Во цената е вклучено:

*Автобуски превоз на наведената релација

*Сместување во  хотел со 3*, на база 2 ноќевања со појадок (сместување во двокреветни и трокреветни соби) во населба Лалели  – Аксарај.

*Пешачка тура со локален водич-Капали чаршија-плоштад Султан Ахмед

*Посета на трговскиот центар Форум

*Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:

* Факултативна посета на Аквариумот – 25 еур

*Факултативна посета на Топкапи Палатата – 30 еур

*Факултативна вечера со крстарење  на брод – 35еур (без алкохол) и 40еур (со алкохол)

* Факултативна посета на Долма Бахче Палатата (водич, слишалки и влезница)-30еур

* Факултативно крстарење по Босфор – 20еур

* Факултативна посета на Сафир кулата – 25еур

*Патничко и здраствено осигурување

Пакет 2 ден: Нокен Истанбул – Сафир – Таксим /  35еур
Пакет 3ден:  Балат – Крстарење – Ортакој  /  45еур

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

8 ми МАРТ 2024

8 ми Март Сокобања – 1 ноќевање

1 ДЕН: 09.03.2024 – Сабота Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Слободно попладне. Вечера.Забава со жива […]

Read More
8 ми МАРТ 2024

8 ми Март – Венеција – Милано – Верона

07.03.2024 Состанок  на групата во Скопје во 16:00 часот.  Поаѓање за Италија. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење 08.03.2024 Пристигнување во утринските часови во Лидо ди Јесоло, сместување и краток одмор . Во договорено време поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде […]

Read More
8 ми МАРТ 2024

8 ми Март – Јаши, Романија

Поклонение на моштите на Св.Петка   Прв ден:07.03.2024 (Четврток) Тргнување од Скопје (паркинг хотел Вип) во 16:00ч. Патување со високотуристички автобус преку Бугарија со попатни паузи.   Втор ден:08.03.2024 (Петок) Во утринските часови пристигнување во Букурешт,културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата, и […]

Read More