8 Март – Сараево

1 ДЕН: 07.03.2024 – Четврток

Состанок со групата во 19.30 час. поаѓање за Сараево во 20.00 час  од Скопје. Бесплатен трансфер од повеќе градови од Македонија. Се патува преку граничен премин Табановце , само со лична карта со попатни паузи за одмор и царински формалности. ( Патниците за точно место и час ќе бидат исвестени пред поаѓање.)

2 ДЕН: 08.03.2024 – Петок – САРАЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на Сараево со локален туристички водич: Хотел Европа, Катедралата Срце Исусово, Vjicenca местото каде што е извршен атентатот на Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, Бегова Џамија и најпознатата Башчаршија. После разгледот слободно време за индивидуални активности , во договорено време сместување во Хотел 3* во Сараево. Ноќевање.

3 ДЕН: 09.03.2024 – Сабота – САРАЕВО – ЈАБЛАНИЦА – БУНА – МОСТАР

Појадок. После појадокот поаѓање за Мостар, прва попатна станица е Јабланица – позната по Битката на Неретвна и истемениот филм снимен во 1969 год. – градче кое ќе Ве фасцинира по прекрасната природа и неодоливиот мирис на храната готвена под сач ( разновидни пити под сач, јагнешко под сач… ) . Се продолжува кон Мостар со попатна пауза на Врело Буна – извор на реката Буна еден од најубавите извори во Европа – место каде природата го покажува сиот свој раскош – покрај фасцинантната природа местото избилува со ресторани, кафулиња и хотели за релаксација. После посетата на Врело Буна групата се упатува кон Мостар. Самиот Мостар е град и приказна која никого не остава рамнодушен. Покрај стариот мост, стариот дел на градот фасцинира со самата архитектура , карактеристичната калдрма, а сликата и уживањето да бидат целосни придонесуваат и големиот број автентични дуќани , малите сувенири, рачно ткаените килими и етно рестораните. Слободно време за прошетка низ Мостар. Во попладневните часови поаѓање за Сараево. Ноќевање.

4 ДЕН: 10.03.2024 – Недела – БОСАНСКИТЕ ПИРАМИДИ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот посета на Босанските Пирамиди. Пред повеќе од 10 години, Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич – Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. После посетата на пирамидите се поаѓа за Македонија со попатна пауза на Вишеград  – град на реката Дрина и секако познат по симболот на градот Мостот на Дрина и истоимената книга на небеловецот Иво Андриќ. Пристигнување во Македонија во вечерните или раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 109 еу. ( по лице )

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 2 ноќевања со појадок во Сараево
  • Сместување во Хотел 3* – Аараево
  • Автобуски превоз
  • Посета на Вишеград
  • Туристички придружник во текот на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Посета на Јабланица, Буна и Мостар – 70 евра
  • Босанските Пирамиди – 25 евра
  • Пакет факултативи ( сите ) – 80 евра
  • Туристичка такса – 1 евро од ден по лице
  • Патничко – здравствено осигурување.

 

НАПОМЕНА:

  • Факултативните излети се резервираат во агенцијата, а уплатата е во автобус.
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото на отказ минимум 5 дена пред поаѓање.
  • Резервација се прави со уплата од 30% аконтација, телефонска резервација важи 4 часа ( доколку не се уплати аконтација во рокот – резервацијата ќе се смета за откажана ).
  • За деца од 3 – 11.99 год – 30% попуст од сумата на аранжманот.
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

8 ми МАРТ 2024

8 ми Март Сокобања – 1 ноќевање

1 ДЕН: 09.03.2024 – Сабота Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Слободно попладне. Вечера.Забава со жива […]

Read More
8 ми МАРТ 2024

8 ми Март – Венеција – Милано – Верона

07.03.2024 Состанок  на групата во Скопје во 16:00 часот.  Поаѓање за Италија. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење 08.03.2024 Пристигнување во утринските часови во Лидо ди Јесоло, сместување и краток одмор . Во договорено време поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде […]

Read More
8 ми МАРТ 2024

8 ми Март – Истанбул

Редовна цена:119 евра Цена со рана уплата до 31.12 : 109 евра МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ   Програма на патување: Истанбул 1 ДЕН (четврток) -07.03.2024 Состанок на групата во 16:30 . Во 17:00 час поаѓање за Истанбул. Ноќно возење преку Грција со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. 2 ДЕН (петок) – […]

Read More