8 Март – Виена

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

 

1 ДЕН: 07.03.2024 – Четврток ( Скопје – Виена )

Состанок со групата во 10.30 час, поаѓање за Виена во 11.00 час. Дневно и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности. Организиран трансфер од повеќе градови во Македонија.

 

2 ДЕН: 08.03.2024 – Петок – Шопинг центар Parndorf – Виена

Планирано пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН: 09.03.2024 – Сабота ( Шенбрун – Дунавска Кула )
            Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде имате прекрасен поглед –  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.

 

4 ДЕН: 10.03.2024 – Недела ( Виена – Скопје )

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, слободно време за прошетка низ Виена, по договорено време поаѓање за Македонија. Пристигнувањето во Македонија зависи од паузите и граничените премини.

 

ЦЕНА: 189 еу. ( по лице )

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Посета на шопинг центар Parndorf

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Виена со локален водич – 15€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • Патничко осигурување – 175 ден (за лица до 60 год)
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден
  • Доплата за еднокреветна соба 3 600 ден

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници, во спротивно агенцијата има право на отказ на аранжманот 5 дена пред поаѓање.
  • Резервација на факултативите се прави во агенција, а уплатата е во автобус.
  • За патување во Виена е потребен важечки пасош, со важност минимум 6 месеци пред истек на истиот.
  • Седиштата во автобус се определуваат според уплатата, доколку сакате избор на седиште се плаќа 15 евра.
  • Резервација се прави исклучиво со аконтација од 30% , телефонска резервација важи 4 часа ( доколку во рокот нема уплата резервацијата ќе се смета за откажана ).

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

8 ми МАРТ 2024

8 ми Март Сокобања – 1 ноќевање

1 ДЕН: 09.03.2024 – Сабота Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Слободно попладне. Вечера.Забава со жива […]

Read More
8 ми МАРТ 2024

8 ми Март – Венеција – Милано – Верона

07.03.2024 Состанок  на групата во Скопје во 16:00 часот.  Поаѓање за Италија. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење 08.03.2024 Пристигнување во утринските часови во Лидо ди Јесоло, сместување и краток одмор . Во договорено време поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде […]

Read More
8 ми МАРТ 2024

8 ми Март – Истанбул

Редовна цена:119 евра Цена со рана уплата до 31.12 : 109 евра МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ   Програма на патување: Истанбул 1 ДЕН (четврток) -07.03.2024 Состанок на групата во 16:30 . Во 17:00 час поаѓање за Истанбул. Ноќно возење преку Грција со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. 2 ДЕН (петок) – […]

Read More