ВИЕНА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

1 ДЕН: 02.12.2023  Охрид – Виена

Пристигнување на аеродром 2 часа пред лет за Виена, полетување во 08:15 ч. Слетување во 10:05 ч.По царински
формалности следи организиран трансфер со попатен панорамски разглед на градот. Сместување во хотел.
Краток одмор па се упатуваме кон центарот на градот да ја почувствуваме предновогодишната атмосфера (со
претставникот од агенцијата). Убава во секој период од годината но во предновогодишното руво е секогаш
неопишива. Украсените улици и плоштади, музиката,опојниот мирис на вино и цимет е уживање за сите
сетила….Индивидуално враќање назад во хотел.Ноќевање.

2 ДЕН: 03.12.2023  Виена

Појадок во хотел.За денешниот ден е планиран пешачки разглед на централниот дел од градот, со локален водич
(факултативно)…се почнува од споменикот на Марија Антоанета, Музеите за природнонаучен и уметност,
Хофбург, се упатуваме кон плоштадот каде што се наоѓа црквата Св.Стефан …Следува слободно време за
индивидуални прошетки низ Виенските новогодишно украсени улици и посета на некој од Божиќните маркети.
Враќање назад во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН: 04.12.2023  Виена

Појадок. Предлог факултатива – посета на дворецот „Шенбрун“ (со јавен трансфер). Дворецот Шенбрун е
познатата летна Хабзбуршка резиденција, и истиот е изграден во далечната 1700 година. Палатата и паркот кој го
опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и
кралот Франц Јосиф. После посетата на палатата се продолжува кон посета на дворот на палатата и летната
резиденција. Слободно време за индивидуални прошетки и можност да пробате виенска штрудла со ванила крем,
неповторлив вкус на кој долго ќе се сеќавате. По посетата на Шенбрун може да се упатите во еден од најголемите
трговски центри во Европа – Сити суд (http://www.scs.at ), каде ќе имате можност за шопинг , ручек , кафе или
повторно во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН: 05.12.2023  Виена – Охрид

Рано одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Лет за Охрид во 06:00 ч. Пристигнување во Охрид во 07:40.

ЦЕНА: 419 еу.

Од средината на ноември до Божиќ, најубавите градски плоштади во Виена се претвораат во волшебни
Божиќни пазари. Аромата на Божиќните пекарски производи и ароматичните топли напитоци, создаваат
неповторлива предновогодишна атмосфера.Еден од најпознатите Божиќни пазари и со најдолга традиција
е “Vienna Magic of Advent”, кој плоштадот пред Градското собрание го претвара во сјајна бајковита земја.
Ве чекаат Божиќни подароци, украси од дрвја, слатки и топли пијалоци, рингишпил, како и забавни
Божиќни работилници за деца. Дрвјата, излозите … се во околината е празнично украсено и зрачи со
воудушевувачки сјај – Виенска предновогодишна магија – ДЕФИНИТИВНО НЕ СЕ ПРОПУШТА !!!

Вклучено во цена:
– авио билет на реалција Охрид – Виена – Охрид, со рачен багаж
– аеродромски такси
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Виена
– трансфер аеродром – хотел – аеродром

Во цената НЕ е вклучено :
– Пешачки разглед со локален водич – 20 €
– Посета на Дворецот Шенбрун (влезница со audioguide, представник од агенцијата) – 40 €
– чекиран багаж
– туристичка такса 4€ на ден
– индивидуални трошоци
– патничко осигурување
– можност за организирање на факултативи (информации во агенција)

Напомена:
Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и
уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.Минимум за
реализација 16 патника.

Општи напомени:

· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62
денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на
аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на
цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже
во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на
внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
· Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај
на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој
во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ДУБАИ – 19.01-24.01.2024

ДУБАИ 19.01-24.01.2024 6 дена -5 ноки   1 ден   СКОПЈЕ –ТИРАНА – АБУДАБИ -ДУБАИ Сoстанок на групата  на договорено место  во  07.00  часот .Трансфер до аеродром во Тирана, полетување за Абу Даби  во 17:50 часот Пристигнување во   02:05 часот наредниот ден .   Трансфер  и сместување  во хотел 4* во Дубаи 2–5 ден ДУБАИ Појадок. Денови […]

Read More
АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

БУДИМПЕШТА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

1 ден: 03.12.2023 Скопје – Будимпешта Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 18:50 часот. Полетување за Будимпешта во 20:50 часот. Слетување во Будимпешта во 22:15 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел. Ноќевање. 2 ден:04.12.2023  Будимпешта – (разглед,крстарење) Појадок. После појадокот следи разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)… Посета на […]

Read More
АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ПАРИЗ – ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

Авион /4 дена /3 ноќевања Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романтичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи […]

Read More