БУДИМПЕШТА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

1 ден: 03.12.2023 Скопје – Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 18:50 часот. Полетување за Будимпешта во 20:50
часот. Слетување во Будимпешта во 22:15 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел.
Ноќевање.

2 ден:04.12.2023  Будимпешта – (разглед,крстарење)

Појадок. После појадокот следи разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)… Посета на Црквата
Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Ваци, Мостовите на Дунав …Време за слободни активности до
попладневните часови кога има предвидено крстарење по Дунав (факултативно), прекрасен разглед на
предновогодишно украсениот градот од брод. Навечер ќе прошетаме низ улиците , посетувајќи некои од
Божичните маркети.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: 05.12.2023 Будимпешта – Сент Андреа

Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината
на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број
винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од
агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во
Будимпешта….Останатиот дел од денот е наменет повторно за Божиќните маркети.Вражање во хотел. Ноќевање.

4 ден: 06.12.2023 Будимпешта – Скопје

Појадок. Напуштање на собите и ден за индивидуални прошетки и активности. Може да ја посетите Зоолошката
градина , аквариумот или некој трговски центар за предновогодишно паразење. Во договорено време следи
трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 21:20 часот. Слетување во Скопје во 22.45 часот.

ЦЕНА: 309 еу.

Во цената на аранжманот е вклучено:
· Директен лет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
· Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
· Сместување во двокреветни соби во хотел – 3 ноќевања со појадок;
· Трансфер аеродром – хотел – аеродром
· Пешачки разглед со локален водич;
· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Крстарење со брод по Дунав – 20 €;
· Факултативна посета на Сент Андреа – 35 €;
· Туристичка такса 9€ по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
· Влезници за музеите и културно – историските споменици;
· Задолжително патничко – здравствено осигурување;
· Доплата за еднокреветна соба;

НАПОМЕНА:
· Пријавување на факултативи во агенција
· Факултативите се реализираат со јавен трансфер, кој што не е вклучен во цената
· Минимум пријавени патници за реализација – 16

Општи напомени:

· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот
или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост
аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на
влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните
згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој
од локалитетите предвиден за посета и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ДУБАИ – 19.01-24.01.2024

ДУБАИ 19.01-24.01.2024 6 дена -5 ноки   1 ден   СКОПЈЕ –ТИРАНА – АБУДАБИ -ДУБАИ Сoстанок на групата  на договорено место  во  07.00  часот .Трансфер до аеродром во Тирана, полетување за Абу Даби  во 17:50 часот Пристигнување во   02:05 часот наредниот ден .   Трансфер  и сместување  во хотел 4* во Дубаи 2–5 ден ДУБАИ Појадок. Денови […]

Read More
АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ВИЕНА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

1 ДЕН: 02.12.2023  Охрид – Виена Пристигнување на аеродром 2 часа пред лет за Виена, полетување во 08:15 ч. Слетување во 10:05 ч.По царински формалности следи организиран трансфер со попатен панорамски разглед на градот. Сместување во хотел. Краток одмор па се упатуваме кон центарот на градот да ја почувствуваме предновогодишната атмосфера (со претставникот од агенцијата). […]

Read More
АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ПАРИЗ – ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

Авион /4 дена /3 ноќевања Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романтичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи […]

Read More