Авионска програма – Рим – 28.11-02.12.2023

РИМ – вечниот град до кој водат сите патишта!

Рим – Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.

Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…     

28 Ноември (вторник) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:30 часот. Лет за Рим во 12:45ч. Пристигнување во Рим во 14:30часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Пешачка тура на градот прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Прошетка Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим..Во поплдневните часови слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

29 Ноември (среда)  ВАТИКАН – НАВОНА

Појадок. Факултативна посета на Ватикан со метро, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

30 Ноември (четврток ) РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи со јавен превоз. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.

01 Декември (петок ) РИМ – (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил и Колосеумот) – СКОПЈЕ

Појадок. Посета на Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил прошетката продолжува покрај Колосеумот.Факултативно – Анчки Рим – со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 4 часа). Слободно време за инфивидуални активности во градот Рим. Враќање во хотел. Ноќевање.

02 Декември  (сабота) РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје  во 15:10ч. Пристигнување во Скопје после полноќ во 16:55 часот.

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
                                                                                             Цена на аранжманот за првите 10 места: 
399
                                                                                             Редовна цена на аранжманот :
499

  ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопјесо вклучени аеродромски такси.
– Сместување во хотел *** од групацијата на https://gruppoalberghieroraeli.it/ , на база 4 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Рим
–  Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
. – Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг ·   -информација за цена 3 дена пред поаѓање
– Туристичка такса ( се плаќа во хотелот)
– Посета на Ватикан (со метро) со локален водич и влезница- задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра
– Посета на Колосеум со локален водич и влезница- задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
– Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница  и метро карта 20 евра
– Посета на Тиволи со локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте:  55 евра

ПАКЕТ НА СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ 150 ЕУР

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

Начини на плаќање:
30% при резервација, остатокот 14 дена пред поаѓање

Општи напомени за патување:
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ДУБАИ – 19.01-24.01.2024

ДУБАИ 19.01-24.01.2024 6 дена -5 ноки   1 ден   СКОПЈЕ –ТИРАНА – АБУДАБИ -ДУБАИ Сoстанок на групата  на договорено место  во  07.00  часот .Трансфер до аеродром во Тирана, полетување за Абу Даби  во 17:50 часот Пристигнување во   02:05 часот наредниот ден .   Трансфер  и сместување  во хотел 4* во Дубаи 2–5 ден ДУБАИ Појадок. Денови […]

Read More
АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

ВИЕНА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

1 ДЕН: 02.12.2023  Охрид – Виена Пристигнување на аеродром 2 часа пред лет за Виена, полетување во 08:15 ч. Слетување во 10:05 ч.По царински формалности следи организиран трансфер со попатен панорамски разглед на градот. Сместување во хотел. Краток одмор па се упатуваме кон центарот на градот да ја почувствуваме предновогодишната атмосфера (со претставникот од агенцијата). […]

Read More
АВИОНСКИ ВИКЕНД ПРОГРАМИ & БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

БУДИМПЕШТА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

1 ден: 03.12.2023 Скопје – Будимпешта Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 18:50 часот. Полетување за Будимпешта во 20:50 часот. Слетување во Будимпешта во 22:15 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел. Ноќевање. 2 ден:04.12.2023  Будимпешта – (разглед,крстарење) Појадок. После појадокот следи разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)… Посета на […]

Read More