
1 ДЕН: 07.12.2023 ( Четврток)
Поаѓањето од Скопје во 21:00 ч, но патниците за точно време и место на поаѓање се известуваат еден пред поаѓање! Се патува преку граничен премин Табановце, Србија со попатни вечерни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: 08.12.2023 ( Петок )
Посета на Вишеград – град кој се наоѓа по течението на реката Дрина, и е најпознат по Мостот на Дрина изграден помеѓу 1571 – 1577 год, од страна на познатиот архитект Мимар Синан за време на владението на Мехмед Паша Соколовиќ. Мостот е опишан и во истоимениот роман на Иво Андриќ ,еден од најпознатите југословенски писатели и нобеловци. После посетата се упатуваме кон Сараево. Пристигнување во Сараево и разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, Бегова Џамија, катедралата Свето Срце и православната црква Св. Тројца и Башчаршија. После разгледот слободно време и упатување кон хотел за сместување.Вечерта можност за посета на еден од најстарите пабови на Сараево или некој локален кафич.
3 ДЕН:09.12.2023 ( Сабота )
Појадок после појадокот целодневна прошетка: Бункерот на Тито – Коњиц, Јабланица и Мостар.
Бункерот на Тито во Коњиц – Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Во бункерот ќе видите, 3 конференциски сали, 100 соби предвидени за војници, резеровар за нафта итн. По посетата на бункерот се упатуваме кон Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.
Мостар – е најважен град во региониот на Херцеговина и негова културна престолнина. Во градот поминува реката Неретва, своето име градот го добил по чуварите на мостот (mostari ) кои во средниот век го чувале стариот мост. Се посетува стариот мост,изграден од страна на Османлиите во 16 век и е еден од најпрепознатливите обележја на Босна, и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Стариот дел изобилува со безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети карактеристични локални сувенири или пак килими рачно изработени, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата – карактеристична и по преубавата калдрма, која кога ја шетате чувствувате како да сте во некој времеплов. Слободно време околу 3 часа. Поаѓање за Сараево.Ноќевање.
4 ДЕН: 10.12.2023 ( Недела )
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали.Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата на Пирамидите поаѓање за Скопје. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА: 109 ЕВРА
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз
- Разглед на Сараево со локален водич
- Туристички придружник за време на патувањето
- Посета на Вишеград
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра
- Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
- Пакет факултативи – 80 евра
- Туристичка такса– 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот.
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад.