
1 ДЕН: 08.12.2023 ( Петок )
Состанок со групата во 06.30 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН: 09.12.2023 ( Сабота )
Појадок. После појадокот организирана прошетка со локален водич до Лептерија и Сокоград. Враќање о вилите. Ручек. После ручекот слободно попладне за индивидуални активности. Можност за посета на СПА Центар.Вечера и забава со жива музика. Ноќевање.
3 ДЕН: 10.12.2023 ( Недела )
Појадок. После појадокот посета на ОЗРЕН и Водопадот РИПАЉКА.Слободно време за релаксација. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА.109 евра
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз до наведената релација
- 2 полни пансиони ( доручек, ручек, вечера ) во Ресторан Сплендид – Сокобања
- Сместување во приватни вили во Сокобања ( секоја соба со сопствено купатило, WI-Fi, ТВ, парно греење )
- Исхраната е во ресторан Сплендид – Сокобања
- Забава со жива музика
- Сите вили се наоѓаат во непосредна близина на ресторанот: ( Дел од сместувачките капацитети се во склоп на самиот ресторан, дел во непосредна близина, 50 м. од ресторанот ).
- Посета на Лептерија и Озрен со водопадот Рипаљка
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на вечерата
- Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.
- Влезница за СПА Центар 800 RSD. – целодневно ( групна карта )