
1 ДЕН:07.12.2023 ( Четврток )
Состанок со групата во 22.30 час, поаѓање од Скопје во 23.00 час, 23.30 час. – Куманово. Се патува преку граничен премин Табановце, само со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: 08.12.2023 ( Петок )
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Сместување во апартмани 1 категорија, во строгиот центар, срцето на Златибор. Во пладневните часови поаѓање за Сирогојно – посета на музејот на отворено “ Старо село “ и специјаната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато по целиот свет. Враќање во Златибор. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН: 09.12.2023 ( Сабота)
Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности или факултативна посета на ски центарот Торник, кој од Златибор е поврзан со Гондола – најмодената и најдолга воздушна траса на Балканот – долга 9 км., гондолата има 72 посебни кабини за по 10 патници. Возењето во Гондолата ќе Ви пружи 25 минутно уживање со неверојатен поглед на живописните пејсажи на Златибор и Рибарското Езеро. Враќање во Златибор до 16.00 час. – слободно време. Вечера. Забава со жива музика во етно ресторан “ Под борчичи“. Ноќевање.
4 ДЕН: 08.12.2023 ( Недела )
Појадок. После појадокот поаѓање за Скопје , со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуален ручек или прошетка по познатата Променада. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА: 129€ ( по лице )
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 2 ноќевања во Златибор
- Апартманско сместување – 1 категорија ( секоја соба со сопствено купатило, ТВ, греење, WI-FI) – во центарот на Златибор
- Полу пансион ( појадок и вечера ) во Етно ресторан “ Под Борчичи“.
- Забава со жива музика
- Посета на Сирогојно
- Посета на Врњачка Бања
- Автобуски превоз до наведената релација
- Туристички придружник во текот на целото патување.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезница за Музејот на отворено “ Старо село “ – Сирогојно – 2€.
- Билет за Гондолата – 13€
- Туристичка такса – 1.40 € од ден, се плаќа на лице место.
- Патничко – здравствено осигурување ( не е задожително )
НАПОМЕНА:
- Сите апартмани се наоѓаат во непосредна близина на ресторанот за исхрана.
- За сопствен превоз се намалува 20€ од цената.
- За деца од 0-1,99 год – гратис ( без седиште во автобус.
- За деца од 2 – 9,99 год – 30 % – ПОПУСТ – одцената
- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници.