
Хургада – еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на околу 5 часа возење јужно од Каиро на западниот брег на Црвеното Море – на афричко тло. Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови…… Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг. Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Чартер од Скопје секоја Среда од 31.05.2023
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко – царинските формалности (вадење виза, превземање багаж, итн.), пречек од страна на нашите претставници и/или претставниците на партнер агенцијата во Египет. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто околу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
Напомена:
Доплата за виза 25USD – на аеродром.