
Тунис, земја која е лоцирана во срцето на Медитеранот и во која се спојуваат илјадници години култура. Со своите прекрасни долги и широки песочни плажи, бројни хотели и културно – историски споменици, привлекува многубројни туристи од целиот свет кои доаѓаат да уживаат под топлото африканско сонце и водите на Средоземното Море, но и да ги истражуваат знаменитостите на бурното минато, како и непознатите на секогаш мистичната и убава Сахара. Тунис е најмалата и најсеверната африканска земја лоцирана во северозападниот дел на најжешкиот континент. Земја која има богата и долга историја, но најмногу ќе се воодушевите од гостопримството на тунизаните, белите песочни плажи, тиркизното море и зеленилото и шаренилото нза природата.
Главниот град на Тунис, градот Тунис, се карактеризира со динамичен спој на традицијата и модерниот свет; медитеранскиот и европскиот шарм. Најзначајни културно – историски споменици кои можат да се посетат се: остатоците од античката Картагина; Римскиот колосеум во El Jem – каде што е сниман и познатиот филм Гладијатор, Националниот музеј Бардо со најголемата колекција на римски мозаици; вредните културно – историски споменици во сликовитиот град Sidi Bou Said; како и необичните Берберски куќи закопани во мекиот пустински камен – песочник и да не ја изоставиме Сахара и природната оаза Oasis de Chebika – магија на која ретко кој останува рамнодушен. Најпознати и најзначајни летувалишта во Тунис се: Монастир (Monastir); Хамамет (Hammamet); Махдија (Mahdia); и Сус (Sousse).
Секој Среда од 05.07.2023
Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окoлу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).