
1 ДЕН: (28.04.2023)
Состанок со групата во 23.30 часот во Скопје, поаѓање за Албанија во 23.00 часот. Ноќно возење, се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: (29.04.2023)
Пристигнување во утринските часови во Ѓирокастро или Аргирокастро – град во Јужна Албанија, имено главен град на историската област Северен Епир. Името на градот значи “ Сребрена тврдина“ на грчки јазик. Градот е вклучен во списокот на УНЕСКО за светско наследство како “ редок пример на добро сочуван отомански град, кој го создале велепоседниците“. Имено Ѓирокастро е познат и по тоа што е родниот град на Енвер Хоџа. Посета на стариот дел на градот, старата турска чаршија изградена во 17 век , како и посета на родната куќа на Енвер Хоџа. Слободно време за прошетка. Во пладневните часови поаѓање за Саранда. Пристигнување во Саранда во попладневните часови. Сместување во апартмани. Ноќевање.
3 ДЕН: (30.04.2023)
Во утринските часови посета на археолошкиот локалитет – Бутринти кој датира од 1 век п.н.е, кој и воедно се наоѓа во истоимениот национален парк. Разглед на познатото туристичкото место- Ксамил. Во попладневните часови враќање во Саранда – разглед на градот и слободно попладне за индивидуални акивности. Ноќевање.
4 ДЕН: (01.05.2023)
Напуштање на собите до 10.00 час, слободно време за релаксација низ Сранда, во 12.00 час. Поаѓање за Скопје со попатна посета на познатиот природен феномен Плаво Око. Пристигнување во Македонија во вечерните часови
ЦЕНА : 89 € = 5.520,00
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз до наведената дестинација со високо- туристички автобус
- 2 ноќевања во апартмани 1 категорија во Саранда
- Пратител за време на целото патување
- Организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за културно – историските споменици
- Патничко – здравствено осигурување
- Можност за доплата вечера во национален ресторан