Велигден – Врњачка Бања, Србија

Врњачка Бања – е најголема бања во Србија и најпосетана. Се наоѓа во централна Србија на 217 м. надморска висина и целата општина брои околу 27.000 жители. Во Врњачка Бања се наоѓаат 7 минерални извори и тоа: Топла вода, Слатина, Снежник, Језеро, Борјак, Бели извор и Врњачко врело, од кои за терапија се користат четири ( Топла вода, Снежник, Језеро и Слатина), додека од останатите три извори се флашира вода. Минералната вода во Врњачка Бања се применуваат за лечење на: шеќерна болест, опоравување после прелжана жолтица, хронично воспаление на црева и желудник, воспаление на жолчка, чир на желудник, болести на бубрези и бубрежни патишта и други болести.

Хотел Бреза 3+* – е категоризиран со 3+*и се наоѓа покрај самото шеталиште во строгиот центар на Врњачка Бања. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат 4 термоминерални извори, Римскиот извор од II век, тениско изгралиште и отворен олимписки базен. Содржини на хотелот: рецепција, ресторан, летна бавча со тераса, затворен полуолимписки базен, сауна, паркиг. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби комплетно опремени со: ТВ ( домашни и странски канали), купатило ( длабока када, биде ). Објектот има 6 спрата со два модерни лифта.

Програма на патувањето:

1 ДЕН: 14.04.2023 (Петок)

Состанок на групата  во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Бреза 3+*. Кратко време за одмор и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕН: 15.04.2023 (Сабота)

Појадок. Слободен за индивидуални активности и прошетки во Врњачка Бања. Ден предвиден за одмор, релаксација и користење на Велнес содржините на хотелот.Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН: 16.04.2023 (Недела)

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕН: 17.04.2023 ( Понеделник )

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 179€

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Бреза 3+* во центарот на Врњачка Бања покрај самото шеталиште

– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања

– Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок и вечера

– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар

– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

–  Патничко и здравствено осигурвање;

– Доплата за туристичка такса 3€ вкупно за 3 ноќи (доплата на лиеце место);

– Факултативна посета на манастирот Жица 5€ (доплата на лице место)

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 20 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
  • Деца од 6 – 10 години – 20% попуст на сумата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВЕЛИГДЕН 2023

Областа Епир – Јужна Албанија и Грција

1 ДЕН: (14.04.2023) Состанок со групата во 23.30 часот во Скопје, поаѓање за Албанија во 23.00 часот. Ноќно возење, се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности. 2 ДЕН: (15.04.2023) Пристигнување во утринските часови во Ѓирокастро или Аргирокастро  – град во Јужна Албанија, имено главен град на историската област […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2023

Велигден -Острог – Будва – Котор – Дубровник

1 ДЕН:  14.04.2023(Петок) Состанок со групата во 22.30 час., поаѓање за Црна Гора во 23.00 час. ( Куманово 21.30 час. ). Се патува преку Косово и Албанија, со паузи за одмор и царински формалности. 2 ДЕН:  15.04.2023 ( Сабота ) Во утринските часови пристигнување во Острошки Манастир, манастир кој е вреажан во карпите , основан […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2023

Сокобања – Велигден 3 НП

1 ДЕН: 14.04.2023 (Петок) Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. 2 ДЕН: […]

Read More