
1 ДЕН: 14.04.2023(Петок)
Состанок со групата во 22.30 час., поаѓање за Црна Гора во 23.00 час. ( Куманово 21.30 час. ). Се патува преку Косово и Албанија, со паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: 15.04.2023 ( Сабота )
Во утринските часови пристигнување во Острошки Манастир, манастир кој е вреажан во карпите , основан од митрополит Василије Острошки кој го основал во 17 век. По посетата на Острог продолжуваме кон Будва. Пристигнување во Будва во попладневните часови. Сместување во Хотел 3*. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Ноќевање.
3 ДЕН: 16.04.2023 (Недела)
Во утринските часови заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… Попладне враќање во Будва. Ноќевање.
4 ДЕН: 17.04.2023 ( Понеделник )
Во утринските часови заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор, кој го носи и епитетот мини Дубровник и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетк. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни / рани утрински часови.
РЕДОВНА ЦЕНА: 89 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус ( поаѓање од Куманово и Скопје )
- 2 ноќевања во хотел 3 * со појадок
- Посета на Острошки Манстир
- Организација и пратител на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативен излет до Дубровник – 20 еу.
- Факултативен излет Котор –Тиват – Порто Монтенегро – 10 еу.
- Туристичка такса – 1€ од ден по лице ( се плаќа во автобус )
- Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.
НАПОМЕНА:
- За реализација на овај аранжман потребни се минимум 40 патници.
- За реализација на факултативните излети потребни се миним 25 патници ( пријавување во агенција )
- Патниците кои нема да го посетат Котор, чекаат во Будва за враќање , време по договор.
- За ова патување потребна е важечка лична карта или пасош.
- За влез во република Хрватска потребен е важечки биометриски пасош.
- Деца до 2 год. бесплатно, 2-6 год. плаќаат само превоз 35 евра, деца од 6 – 12 год. -12% попуст од редовната цена.
- За резервација валидна потребна е уплата на аконтација од 30%, телефонска резервација важи 4 часа, доколку во тој период не се изврши уплата на аконтација истата ќе се смета за откажана.
- Доплата се врши 7 дена пред поаѓње.