Областа Епир – Јужна Албанија и Грција

1 ДЕН: (14.04.2023)

Состанок со групата во 23.30 часот во Скопје, поаѓање за Албанија во 23.00 часот. Ноќно возење, се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: (15.04.2023)

Пристигнување во утринските часови во Ѓирокастро или Аргирокастро  – град во Јужна Албанија, имено главен град на историската област Северен Епир. Името на градот значи “ Сребрена тврдина“ на грчки јазик. Градот е вклучен во списокот на УНЕСКО за светско наследство како “ редок пример на  добро сочуван отомански град, кој го создале велепоседниците“. Имено Ѓирокастро е познат и по тоа што е родниот град на Енвер Хоџа. Посета на стариот дел на градот, старата турска чаршија изградена во 17 век , како и посета на родната куќа на Енвер Хоџа. Слободно време за прошетка. Во пладневните часови поаѓање за Саранда. Пристигнување во Саранда во попладневните часови. Сместување во хотел 3*. Ноќевање.

3 ДЕН: (16.04.2023)

Доручек. После доручекот посета на археолошкиот локалитет – Бутринти кој датира од 1 век п.н.е, кој и воедно се наоѓа во истоимениот национален парк. Разглед на познатото туристичкото место- Ксамил. Во попладневните часови враќање во Саранда – разглед на градот и слободно попладне за индивидуални акивности.  Ноќевање.

4 ДЕН: (17.04.2023)

Доручек. После доручекот напуштање на хотелот и поаѓање за Скопје, преку Грција. Попатна посета на пристаништето Игуменица, како и посета на грчкиот град Јанина. Имено Јанина е најголем град во областа Епир и се наоѓа на природното езеро Јанина или Памвотиде. Според археолошките ископини областа била населена уште  од 5 век п.н.е , но својот економски и културен развој го достигнува за време на Отоманското владеење т.е во 18 век за време на владеењето на Али Паша Јанински. Разглед на центарот на градот, можнст за посета на резиденцијата на Али Паша Јанински. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Пристгнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА : 99 € = 6.140,00

ВО ЦЕНАТА  Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената дестинација со високо- туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Пратител за време на целото патување
  • Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезници за културно – историските споменици
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Можност за доплата вечера во национален ресторан

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овај аранжман потребни се минимум 40 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребни се миним 25 патници ( пријавување во агенција )
  • Патниците кои нема да го посетат Котор, чекаат во Будва за враќање , време по договор.
  • За ова патување потребна е важечка лична карта или пасош.
  • За влез во република Хрватска потребен е важечки биометриски пасош.
  • Деца до 2 год. бесплатно, 2-6 год. плаќаат само превоз 35 евра, деца од 6 – 12 год. -12% попуст од редовната цена.
  • За резервација валидна потребна е уплата на аконтација од 30%, телефонска резервација важи 4 часа, доколку во тој период не се изврши уплата на аконтација истата ќе се смета за откажана.
  • Доплата се врши 7 дена пред поаѓње.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВЕЛИГДЕН 2023

Велигден -Острог – Будва – Котор – Дубровник

1 ДЕН:  14.04.2023(Петок) Состанок со групата во 22.30 час., поаѓање за Црна Гора во 23.00 час. ( Куманово 21.30 час. ). Се патува преку Косово и Албанија, со паузи за одмор и царински формалности. 2 ДЕН:  15.04.2023 ( Сабота ) Во утринските часови пристигнување во Острошки Манастир, манастир кој е вреажан во карпите , основан […]

Read More
ВЕЛИГДЕН 2023

Сокобања – Велигден 3 НП

1 ДЕН: 14.04.2023 (Петок) Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. 2 ДЕН: […]

Read More