
1 ДЕН: 10.03.2023 (Петок )
Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и најразвиени туристички центри во Албанија. Град кој со својот изглед никој не остава рамнодушен, град во кој се спојуваат Јадранско и Јонско Море. Градот нуди содржина за сите возрасти од една страна шопинг центри и богат ноќен живот – во многубројните кафулиња и клубови, а од друга страна прекрасна природа, долги песочни плажи и кристално чисто море. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ДЕН: 11.03.2023 ( Сабота)
Факултативна посета на Манастирот Звернец – кој се наоѓа во околината на Валона, датира од 14 век. Посветен на Св.Мери – сместен на остров опколен во борова шума, нуди мир и спокој, за очите и душата. Враќање во Валона. Слободно попладне за индивидуални активности . Ноќевање.
3 ДЕН: 12.03.2023 ( Недела )
Рекреација и уживање во Валона. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА: 79€.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз до наведената релација
- 2 ноќевања – апартманско сместување
- Туристички придружник во текот на патувањето
- Посета на Манастир Звернец
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.