
1 ДЕН: 09.03.2023 – Четврток – Скопје – Будимпешта
Состанок на групата на во 17.30час. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
2 ДЕН: 10.03.2023 – Петок – Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел..Слободно време за одмор. Вечерта предлог индивидуална прошетка до некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.
3 ДЕН: 11.03.2023 – Сабота – Будимпешта – Естергом – Вишеград – Сент Андреа
Појадокот. Факултативна посета на Естергом – град кој лежи на брегот на реката Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Потоа се упатуваме кон живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.
4 ДЕН: 12.03.2023 – Недела – Будимпешта – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за посета на шопинг центар Арена. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 13.03-Понеделник.
ЦЕНА: 139 еу.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високо туристички автобус
- 2ноќевања со појадок во хотел 3*
- Посета на трговскиот центар Арена
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
- Факултативно крстарење по Дунав ( 20 еур)
- Факултативна посета на Сент Андреа и Естергон (30 еур)
- Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)
- Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници.
- Телефонска резервација трае 4 часа, доколку во рок од 4 часа нема уплата од 30% аконтација истата ќе се смета за откажана.