Будва – Дубровник – Тиват – Котор

1 ДЕН:09.03.2023 (Четврток )

Состанок со групата во 22.30 час., поаѓање за Црна Гора во 23.00 час. ( Куманово 21.30 час. ). Се патува преку Косово и Албанија, со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 10.03.2023 ( Петок )

Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св.Стефан – едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера.  Ноќевање.

3 ДЕН: 11.03.2023 (Сабота)

Во утринските часови заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… Попладне враќање во Будва.  Ноќевање.

4 ДЕН: 12.01.2023 ( Недела )

Во утринските часови заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор, кој го носи и епитетот мини Дубровник и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетк. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни / рани утрински часови.

РЕДОВНА ЦЕНА: 89 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус ( поаѓање од Куманово и Скопје )
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Посета на Св.Стефан
  • Организација и пратител на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативен излет до Дубровник – 20 еу.
  • Факултативен излет Котор –Тиват – Порто Монтенегро – 10 еу.
  • Туристичка такса – 1€ од ден по лице ( се плаќа во автобус )
  • Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овај аранжман потребни се минимум 35 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребни се миним 25 патници ( пријавување во агенција )
  • Патниците кои нема да го посетат Котор, чекаат во Будва за враќање , време по договор.
  • За ова патување потребна е важечка лична карта или пасош

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Uncategorized

1 Мај – Саранда и Ксамил

  1 ДЕН: (28.04.2023) Состанок со групата во 23.30 часот во Скопје, поаѓање за Албанија во 23.00 часот. Ноќно возење, се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.   2 ДЕН: (29.04.2023) Пристигнување во утринските часови во Ѓирокастро или Аргирокастро  – град во Јужна Албанија, имено главен град на […]

Read More
Uncategorized

1 Мај – Валона

1 ДЕН: 29.04.2023 ( Сабота ) Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и најразвиени […]

Read More
Uncategorized

1 Мај – Сокобања

1 ДЕН: ( Сабота ) – 29.04.2023 – Скопје – Сокобања Состанок со групата во утринските   часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. Попладнето во договорено време разглед на градот: Милошев Конак, Турскиот  Амам, […]

Read More