НОВА ГОДИНА – БУДВА

1 ДЕН: 30.12.2022 (Петок )

Состанок со групата во 22.30 час., поаѓање за Црна Гора во 23.00 час. ( Куманово 21.30 час. ). Се патува преку Косово и Албанија, со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 31.12.2022 ( Сабота )

Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св.Стефан – едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2023 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт на Џибони или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

3 ДЕН: 01.01.2023 (Недела)

Во утринските часови заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ со концерт на Дино Мерлин пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

4 ДЕН: 02.01.2023 ( Понеделник )

Во утринските часови заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор, кој го носи и епитетот мини Дубровник и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетк. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни / рани утрински часови.

ЦЕНА: 79€ – за уплата до 30.11

РЕДОВНА ЦЕНА: 89 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус ( поаѓање од Куманово и Скопје )
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Посета на Св.Стефан
  • Организација и пратител на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативен излет до Дубровник – 15 еу.
  • Факултативен излет Котор –Тиват – Порто Монтенегро – 10 еу.
  • Туристичка такса – 1€ од ден по лице ( се плаќа во автобус )
  • Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овај аранжман потребни се минимум 35 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребни се миним 25 патници ( пријавување во агенција )
  • Патниците кои нема да го посетат Котор, чекаат во Будва за враќање , време по договор.
  • За ова патување потребна е важечка лична карта или пасош.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *