8 ми Декември – Истанбул – 3НП

07.12 11.12.2022

1 ДЕН:   СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:

Состанок на групата пред х.Континентал во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење.

 

2 ДЕН:  ИСТАНБУЛ:

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа продолжуваме кон Долма Бахче сарајот и стадионот на ФК Бешикташ. По посетата се упатуваме кон азиската страна на Истанбул – брдото Чамлиџа каде што повторно ќе имаме слободно време за одмор, кафе, чај, или ручек во некој од рестораните кои ни стојат на располагање. По прекрасната панорама која ја нуди самиот локалитет се упатуваме во населбата Левент (Истанбулскиот Менхетен) каде се наоѓа највисоката зграда во Турција, Истанбулскиот Сафир. Ќе се искачиме на 54от кат од каде на еден поинаков начин ќе може да го разгледаме Истанбул и сета негова убавина. На крајот ќе влеземе во киното каде ќе имаме 4D симулација на лет со хелихоптер над Истанбул. Потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

3 ДЕН : ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ:

Појадок.По појадокот околу 9 часот факултативено крстарење  по Босфор. Продолжуваме со разглед  кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Света Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатство и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. На крајот од претпладневната програма ќе се упатиме кон Капали чаршија каде ќе може да се снабдиме со некој сувенир, златен накит или слично. Попладнето слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативна на брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН  ИСТАНБУЛ:

Појадок. По појадокот Ве водиме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во ИстанбулТурција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на “прв меѓу еднаквите” од останатите православни епископи во светот. Потоа се упатуваме кон Црквата „Свети Стефан”позната како Железна црква, која е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Го посетуваме и Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и еклектичкиот микс од цркви, џамии и синагоги. Предлагаме релаксиран и прекерасен излет , крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Големиот остров. Попладнето враќање кон хотелот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање

 

5 ДЕН: ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: 

Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

Цена : 119

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Три ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум или 212, Аја Софија,Сината Џамија, Капали Чаршија
  • Туристички пратител на програмата

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години 30% попуст

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување – 250 денари
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот
  • Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  •  За реализација на аранжманот потребни се  40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

 

Факултативни излети и посети

Пакет 1 : 35 €

Панорамски разглед на градот

Таксим

Чамлиџа

Посета на Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција

Пакет 2 : 35 €

Патријаршија,Железната црква и Балат

Крстарење по Босфор

Отомански и Византиски Истанбул

Пакет 3: 60 €

Топ Капи

Харемот во Топ Капи палатата

Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница

Останати факултативи

Вечера на брод со Турска програма                                                                               40 €

Miniaturk                                                                                                                             10 €

Istanbul night tour                                                                                                                 5 €

Трговски центар  Watergarden + Istanbul night tour                                                         20 €

Аквариум                                                                                                                            20 €

Принцески острови                                                                                                            20 €

 

 

НАПОМЕНА:

  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

 

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 дена

 

  • За резервација потребно е капар 30% од вкупната сума, целосна доплата 10 дена пред поаѓање, телефонска резрвација важи 4 часа, доколку во рок од 4 часа нема уплата , резрвацијата ќе се смета за откажна……………………………………………………………………………………

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Есенски Патувања

Божиќно Село – Трикала

ТЕРМИНИ ВО ДЕКЕМВРИ: 10.12 – 11.12.2022 17.12 – 18.12.2022 1 ДЕН:  ( Сабота ) Состанок со групата во 05.30 час. Поаѓање за Грција во 06.00 час. Се патува преку граничен премин Богородица , со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во центарот на Солун, слободно време шопинг и релаксација низ Солун. Во договорено […]

Read More
Есенски Патувања

СОКО БАЊА во НОЕМВРИ!

1 ДЕН: 18.11.2022 ( Петок ) Состанок со групата во 06.30 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Ноќевање. […]

Read More
Есенски Патувања

8 ми Декември – Сараево, Мостар и Требиње

  1 ден: (07. 12.2022 ) Состанок на групата и поаѓање за Босна и Херцеговина околу 21 часот. Патот води преку Ниш, Лесковац, Чачак… ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.  2 ден: ВИШЕГРАД – САРАЕВО ( 08.12.2022 ) Пристигнување во Вишеград во раните утрински часови. Можност за Крстарење по Дрина (препорака! ). Крстарењето […]

Read More