23 Октомври – Црна Гора

1 ден: 21.10.2022 ( Петок )

Состанок на група на паркингот кај Хотел Вип во 21:00ч, 21:30 поаѓање. Транзитот се одвива преку, Косово и Албанија. Ноќно возење.

2 ден: Острошки Манастир

Пристигнување во раните утрински часови во Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир.
По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со туристичкиот придружник, се посетува стариот град во Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

3 ден БУДВА – КОТОР – ТИВАТ

Појадок. После појадокот  поаѓање за Котор. Пристигнување во Котор , посета и разглед на стариот град – Котор, кој е уште и познат како Мини Дубровник.  Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Можност за крстерење по Бока Которскиот залив, со посета на Пераст. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Ноќевање.

4 ден БУДВА –  БАР – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до 12.30 час. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Бар. Попатно застанување и панорамски разглед на Св. Стефан, патниците ќе имаат пауза 15 мин. за фотографирање. Слободно време во Бар за разглед и ручек. Поаѓање за Македонија во 16.30 час.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :   89 еу.

 

 

Цената аранжманот е вклучено  :

  • Сместуање во Хотел 3* – во Будва – 2 НП ( ноќевање со појадок )
  • Превоз на дадената релација
  • Организација и водство на групата
  • Посета на Острошки Манастир
  • Туристички придружник во текот на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

  • Турустичка такса  на Острог 1 еврo  ( се плаќа во автобус)- Задолжително
  • Превоз со комбиња до и од манастирот  2 евра (се плаќа во автобус) – Задолжително
  • Факултативна посета на Котор,крстарење по Бока Которска со посета на Пераст и Тиват- 40 евра (се плаќа во автобус, а зе резервира во агенција)
  • Туристичка такса 1 евро од лице по ден (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Влезници за културно историските локалитети,
  • Патничко осигурување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Октомвриски Патувања

23 Октомври – Соко Бања

1 ДЕН: 22.10.2022 ( Сабота ) Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Ноќевање. […]

Read More
Октомвриски Патувања

11 Октомври – Соко Бања – 2 ноќевања

1 ДЕН: 09.10.2022 ( Недела ) Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Ноќевање. […]

Read More
Октомвриски Патувања

11 Oктомври – Соко Бања – 3 ноќевања

1 ДЕН: 08.10.2022 (Сабота ) Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Ноќевање. 2 […]

Read More