24 МАЈ – ВАЛОНА

ВАЛОНА

1 ДЕН: 21.05.2022 ( Сабота )

Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и најразвиени туристички центри во Албанија. Град кој со својот изглед никој не остава рамнодушен, град во кој се спојуваат Јадранско и Јонско Море. Градот нуди содржина за сите возрасти од една страна шопинг центри и богат ноќен живот – во многубројните кафулиња и клубови, а а друга страна прекрасна природа, долги песочни плажи и кристално чисто море. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ДЕН: 22.05.2022 ( Недела)

Посета на Манастирот Звернец – кој се наоѓа во околината на Валона, датира од 14 век. Посветен на Св.Мери – сместен на остров опколен во борова шума, нуди мир и спокој, за очите и душата. Враќање во Валона.Факултативно крстарење до Карабуран,  Карабуран е полуостров кој едната страна е опкужен со Јадранско Море ,а од другата страна со Јонско Море.Слободно попладне за индивидуални активности , можност за уживање на плажа. Ноќевање.

3 ДЕН: 23.05.2022 ( Понделник )

Слободен ден за рекреација.

4 ДЕН: 24.05.2022 ( Вторник )

Во утринските  часови напуштање на сместувањето и  посета на Елбасан – разглед на центарот на градот и старото кале.Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: 79.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 ноќевања – апартманско сместување – Вила Кача – Валона.
  • Туристички придружник во текот на патувањето
  • Посета на Манастир Звернец

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд
  • Крстарње до Карабуран – 20€

 

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 25 евра
  • Деца од 6 – 12 години – 30% попуст на сумата
  • Се патува само со лична карта
  • За ова патување не е потребен сертификат за вакцинација или тест .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Uncategorized

24 МАЈ – ОСТРОВОТ АВША, ТУРЦИЈА

1 ДЕН: 20.05.2022  – Петок Состанок со групата во 19.00 часот пред  Дрво Декор спроти Холидеј Ин, во 19.30 часот поаѓање за Турција. Ноќно патување преку граничен премин Богородица, со паузи за одмор и царински формалности. 2 ДЕН: 21.05.2022 – Сабота Пристигнување во Текирдаг, Турција во утринските часови. Текирдаг е град во Турција , се […]

Read More