24 МАЈ – ОСТРОВОТ АВША, ТУРЦИЈА

1 ДЕН: 20.05.2022  – Петок

Состанок со групата во 19.00 часот пред  Дрво Декор спроти Холидеј Ин, во 19.30 часот поаѓање за Турција. Ноќно патување преку граничен премин Богородица, со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 21.05.2022 – Сабота

Пристигнување во Текирдаг, Турција во утринските часови. Текирдаг е град во Турција , се наоѓа на Мраморно Море со околу 200.000 жители.Во утринските часови поаѓање за Авша со траект ( 1.30 часа возење со траект) . Пристигнување на островот околу пладне .  Сместување.  Слободно попладне за релаксација. Ноќевање.

3 ДЕН:  22.05.2022 – Недела

Разглед на островот. Островот Авша или уште познат како Рајскиот остров на Мраморно Море има околу 2000 жители, целиот остов е околу 28 км. Островот Авша е речиси целосно опружен со плажи. Поголемиот дел од локалните ресторани се специјализирани за морска храна и убаво домашно локално вино. Ноќниот живот во Авша е доста богат, изобилува со голем број на ноќни клубови и ресторани со жива музика. Слободен ден за релаксација. Ноќевање.

4 ДЕН:  23.05.2022 – Понеделник

                Појадок. Слободен ден за релаксација на островот. Ноќевање.

4 ДЕН: 24.05.2022 – Вторник

Во утринските часови напуштање на сместувањето, поаѓање кон Текирдаг во утринските часови со траект. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  –  109€

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 3 ноќевања со појадок – Хотел Еге *- Авша ( на сама плажа)
  • Превоз со туристички автобус
  • Туристички придружник за време на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Траект на релација Текирдаг – Авша – Текирдаг – 12€
  • Патничко – здравствено осгурување – 180 мкд.

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребни се 35 патници
  • За деца до 0-6 год – бесплатно во хотел, плаќаат само седиште во автобус – 45 евра
  • Деца од 6 – 12 год. – 30% попуст

Поаѓање од:

  • Куманово
  • Скопје
  • Велес
  • Неготино

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Uncategorized

24 МАЈ – ВАЛОНА

ВАЛОНА 1 ДЕН: 21.05.2022 ( Сабота ) Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и […]

Read More