Вила Христос – Сивири, Касандра

Вила HRISTOS се наоѓа во центарот на Сивири, на најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага со двокреветни соби и четворокреветни апартмани, ориентирани кон југозапад, и од терасите ќе уживате во прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, опремена со основен прибор за јадење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI.

ТЕРМИН ОД: НОЌИ HRISTOS         1/2 studio HRISTOS         1/3 studio HRISTOS       1/4 app
21.05 7 70 80 100
28.05 7 110 130 140
4.06 7 130 150 190
11.06 7 160 180 250
18.06 7 220 240 300
25.06 7 250 270 320
2.07 7 280 310 350
9.07 7 300 340 430
16.07 7 300 340 430
23.07 7 300 340 430
30.07 7 300 340 430
6.08 7 300 340 430
13.08 7 300 340 430
20.08 7 280 320 390
27.08 7 230 260 300
3.09 7 160 180 230
10.09 7 100 120 150
17.09 7 70 90 110

НАПОМЕНИ:   

* Цените се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

* Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот.

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 30% од износот на аранжманот
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата.

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 40 € возрасни

* 30 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Апартманско Сместување ГРЦИЈА

Вила “ Лина “ – Метаморфозис, Ситонија

Метаморфози е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Во гратчето има неколку таверни и пицерии, два добро снабдени маркети, продавници за маслиново масло и мед, пиљари, рибарница, 3-4 фурни, аптека, лекар, Лидл маркет кој се наоѓа на само 6 км. во Никити.   Вила ЛИНА се […]

Read More
ГРЦИЈА Хотелско Сместување

Хотел “ Goleden Beach “ 3*- Метаморфозис

Хотелот ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Хотелот располага со 47 соби, 1/3 со брачен кревет + нормално легло. Собите се опремени со фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет, кој оваа година е комплетно реновиран. Хотелот е опколен со боровата шума […]

Read More
ГРЦИЈА Хотелско Сместување

Хотел “ Jenny “ 3* – Сивири

Хотелот ЏЕНИ е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3  со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и […]

Read More