ВАЛОНА – 04.03 – 06.03.2022

1 ДЕН: 04.03.2022 ( Петок )

Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и најразвиени туристички центри во Албанија. Град кој со својот изглед никој не остава рамнодушен, град во кој се спојуваат Јадранско и Јонско Море. Градот нуди содржина за сите возрасти од една страна шопинг центри и богат ноќен живот – во многубројните кафулиња и клубови, а а друга страна прекрасна природа, долги песочни плажи и кристално чисто море. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ДЕН: 05.03.2022 ( Сабота)

Посета на Манастирот Звернец – кој се наоѓа во околината на Валона, датира од 14 век. Посветен на Св.Мери – сместен на остров опколен во борова шума, нуди мир и спокој, за очите и душата. Враќање во Валона. Слободно попладне за индивидуални активности , мозжност за уживање на плажа. Ноќевање.

3 ДЕН: 06.03.2022 ( Недела )

Во утринските  часови напуштање на сместувањето и  посета на Елбасан – разглед на центарот на градот и старото кале.Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: 59.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 ноќевања – апартманско сместување – Вила Кача – Валона.
  • Туристички придружник во текот на патувањето
  • Посета на Манастир Звернец

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 25 евра
  • Деца од 6 – 12 години – 30% попуст на сумата
  • Превозот ќе се одвива според сите КОВИД протоколи !!!!!
  • За патувањето потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МАРТОВСКИ АРАНЖМАНИ

БУДВА – ОСТРОГ – КОТОР – ТИВАТ

10.03.2022 – Состанок со групата  во 23:30 часот на Дрво Декор. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 11.03.2022 – Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, прво место за посета е Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог […]

Read More
МАРТОВСКИ АРАНЖМАНИ

СОКОБАЊА – МАРТ

  ТЕРМИН 1 – 04.03. – 06.03.2022 ТЕРМИН 2 – 11.03 – 13.03.2022   1 ДЕН:  ( Петок) Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 06.00 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања […]

Read More