Продолжен викенд – Валона

1 ДЕН: 18.06.2021 ( Петок )

Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и најразвиени туристички центри во Албанија. Град кој со својот изглед никој не остава рамнодушен, град во кој се спојуваат Јадранско и Јонско Море. Градот нуди содржина за сите возрасти од една страна шопинг центри и богат ноќен живот – во многубројните кафулиња и клубови, а а друга страна прекрасна природа, долги песочни плажи и кристално чисто море. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ДЕН: 19.06.2021 ( Сабота)

Посета на Манастирот Звернец – кој се наоѓа во околината на Валона, датира од 14 век. Посветен на Св.Мери – сместен на остров опколен во борова шума, нуди мир и спокој, за очите и душата. Враќање во Валона. Слободно попладне за индивидуални активности , мозжност за уживање на плажа. Ноќевање.

3 ДЕН: 20.06.2021 ( Недела )

Во утринските  часови напуштање на сместувањето и  посета на Берат . Берат – или попознат како градот со илјада прозорци , ќе ве воодушеви со својата карактеристична архитектура и местоположба.  Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: 59.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 ноќевања – апартманско сместување
  • Туристички придружник во текот на патувањето
  • Посета на Манастир Звернец

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.
  • Посета на Берат – 5€

 

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 25 евра
  • Деца од 6 – 12 години – 30% попуст на сумата
  • Превозот ќе се одвива според сите КОВИД протоколи !!!!!
  • За патувањето не е потребен ПЦР тест, се патува само со лична карта!!!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА

Продолжен викенд – Сокобања

1 ДЕН: 18.06.2021 ( Петок ) Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 07.30 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: […]

Read More