ta.vior2@gmail.com

23 Октомври – Сараево

САРАЕВО

(Вишеград –Коњица -Мостар )

                                                  22.10-25.10.2020  (2 ноќи)

1 ДЕН 22.10.2020 СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот пред хот.Вип во 17.30 часот. Поаѓање за Сараево  во 18.00 часот. Патот води преку Србија  со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН 23.10.2020 САРАЕВО

Попатна посета на  Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ Можност за крстрење по Дрина .Заминување  за Сараево Пристигнување во Сараево во попладневните часови,Сместување во хотел. Краток одмор  По одморот панорамски разглед на градот со стручен водич…

Башчаршија – старата Сараевска Чаршија од 15 век, изградена од Иса Бег Исаковиќ кога е основан и целиот град.Мостовите  на Миjачка, Алипашино поле, Грбавица, Маријин двор – еден од најзначајните примери на австро-унгарската палата со скриен двор, кој беше номиниран за европската награда за јавен урбан простор .Скендерија, Народниот  театар – величествената зграда на Кулин Бан од 19 век, чиј еден од првите режисери бил познатиот српски писател Бранислав Нушиќ, Градското собрание – најубавата и најрепрезентативна зграда од австро-унгарскиот период и заштитен знак од тоа време, Градското собрание, денес претворено во ресторан со необична приказна и име за кое многумина веруваат дека е доказ за босанската тврдоглавост, плоштадот Себиj – препознатлив симбол на градот на плоштадот Башчаршија  (јавна фонтана во форма на киоск)која е  единствена сочувана од поранешните стотици, чиј стил на градба Босна е донесена од Османлиите. Улицата Казанџилук, Башчаршиската џамија – изградена пред 16 век и прогласена за национален споменик, стара православна црква, еврејски храм и синагога.Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот… Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан или во ресторанот на самиот хотел со комплетно мени и програма. Ноќевање.

3 ДЕН 24.10 .2020 САРАЕВО –БОСАНСКО ВРЕЛО -КОЊИЦА -МОСТАР 

Појадок. По појадокот . Слободно време или факултативно посета на Мостар. Попатна посета  на специјалниот парк за природа БОСАНСКО ВРЕЛО , кој претставува одлична природна целина на изворот на реката Босна. Водата клокоти во сите правци, а богатата туристичка содржина дава можност навистина да уживате во локалитетот. Патувањето продолжува  до прекрасниот град КОЊИЦА Градот се наоѓа во долината на реката Неретва  во подножјето на планината Прење. Една од обележјата на Коњиќ е Стариот мост, изграден во 1682 година, за време на владеењето на султанот Мехмед IV. Старата чаршија  претставува прекрасна туристичка зона. Во Коњица ќе ја посетиме можеби најголемата атракција на овој град, бункерот на Тито. Длабоко во утробата на планината Прење, со површина од над 3.000 квадратни метри, се наоѓа модерен бункер, кој е таен подземен воен објект, ископан во периодот од 1953 до 1979 година. Бункерот АРК е изграден да служи како безбедно прибежиште за маршалот и неговата свита во случај на избувнување на Трета светска војна.Заминување за Мостар. По пристигнувањето во Мостар, ќе ги посетиме зградите кои потекнуваат од времето на Турците: Стариот мост, Кулата Калебија, Кулата Херцегуа, Саат кулата, Крива Чуприја – еден од најстарите зачувани споменици од османлискиот период, подигнат во средината на 16 век и според легендата Стариот мост бил изграден по моделот на овој мал мост. Кујунџилук – старата мостарска чаршија која  се наоѓа на левата страна на реката Неретва со своите работилници и продавници за сувенири. Слободно време. Враќање во Сараево. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан или во ресторанот на самиот хотел со комплетно мени и програма. Ноќевање.

4 ДЕН  25.10.2020 САРАЕВО- ДРВЕН ГРАД -СКОПЈЕ

          Појадок Одјавување од хотелот и заминување за Скопје со Попатна посета на „Дрвениот Град“ на Емир Кустурица,  Дрвенград е етно-село со  форма на правоаголник чија подолга (главна) оска има влезна порта на едниот крај, од каде што започнува главната улица и се протега на другата каде има мала дрвена православна црква со дрвена камбанарија. Црквата е изградена според ликот на руски дрвени цркви и е посветена на Свети Сава. Во централниот дел на селото, плоштадот е поплочен со дрвена коцка и исечени дрвени прагови од железница и е опкружен со кабини со трупци. Во самото етно село се наоѓа ресторан , хотел, слаткарница,подземно кино ,како и продавница за народни ракотворби од тој крај  Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 79€ / 4,900.00 денари до 15 Октомври                                                                                      

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на горенаведената релација,

– разглед на  Сараево,

– сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок,

– посета на Вишеград,

– посета на Дрвенград

– организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Доплата за вечера во национален  ресторан

– Факултативна посета на Босанско Врело ,Коњица и Мостар   50€ ( за група од минимум 25 лица се плаќа во автобус )

–  Здравствено/патничко осигурување.

–  туристичка такса од 2 €  по лице ( Се плаќа во автобус )

-Крстарење по Дрина во Вишеград – 5 (се плаќа во автобус)

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  СКТМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *