ta.vior2@gmail.com

23 Октомври – СОКОБАЊА

1 ДЕН:23/10/2020 ( Петок)

Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 06.00 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ДЕН: 24/10/2020 ( Сабота )

Појадок. После појадокот организирана прошетка со локален водич до Лептерија и Сокоград. Враќање во  вилите. Ручек. После ручекот слободно попладне за индивидуални активности. Можност за посета на СПА Центар. Ноќевање.

3 ДЕН: 25/10/2020 ( Понеделник )

Појадок. После појадокот посета на Ниш и Нишката тврдина. По договор со групата посета на шопинг центарот Stop Shop кој се наоѓа на излезот од Ниш. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА:4.490 мкд.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 полни пансиони ( доручек, ручек, вечера ) во приватни вили – Сокобања
  • Сместување во приватни вили во Сокобања ( секоја соба со сопствено купатило, WI-Fi, парно греење )
  • Исхраната е во ресторан Сплендид – Сокобања
  • Сите вили се наоѓаат во непосредна близина на ресторанот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на вечерата
  • Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.
  • Влезница за СПА Центар 5 € целодневна

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 15 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 25 евра
  • Деца од 6 – 12 години – 30% попуст на сумата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *