ta.vior2@gmail.com

ИСТАНБУЛ – 23 ОКТОМВРИ

1 Ден  22.10.2020 (ПЕТОК) Скопје – Истанбул

 

Собир на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн во 16:00ч. Со подготвени изненадувања од агенцијата весело го започнуваме патот од Скопје, преку Бугарија  до Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 Ден 23.10.2020 ( САБОТА ) Истанбул

 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Со првиот поглед на градот пристигнуваат и одговори за сите љубопитни срца и вљубеници во културата и патувањето. Возиме преку еден од Босфорските мостови до главната разгледна точка на Азиската страна, брдото Џамлиџа, од каде почнува нашата авантура. Прекрасниот панорамски поглед истовремено ќе ни го одземе здивот и ќе ни ги наполни батериите со енергија за исполнетиот ден што не очекува. Посетата тука трае од 30-40мин, местото е погодно да се освежите, можност да го пробате традиционалниот турски чај и секако да направите неверојатни фотографии кои нема да останат само во вашиот апарат туку вечно ќе се врежат и во вашиот ум. Сместување во хотел, слободно време за oдмор.  Попладнето организиран  разглед на Истанбул. Разгледот  започнува  со стариот Хиподром, еден од најспектакуларните објекти во градот кој претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли. Околу него се наоѓаат Џамијата Султан Ахмед, поради своите бои – сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали – плочка и порцелан, во Европа исто така е позната и како Сина џамија и е првата џамија во Османлиската империја, која има 6 минариња. Продолжуваме кон сарајот на Ибрахим Паша, амамот на Хурем, Аја Софија, позната и како Црква на светата мудрост е единствениот храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и секако Топ Капи палатата која била главното седиште на администрацијата на Османлиската империја, претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Влезниците за посета на Топ Капи и Аја Софија се факултативни и по желба. Од тука продолжуваме кон Капали Чаршија – најголемиот пазар во Европа истовремено еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот. Со повеќе од 3000 продавници сместени низ шармантните улички, во него може да се најде се што замислувате, од текстил, сувенири, храна.. Бескрајни можности за шопинг, каде жената се чувствува како дете во слаткарница. А шармот и љубезноста на добро познатите трговци сигурно ќе ве убедат да купите или да пробате традиционален производ. По слободното време за шопинг или можност за индивидуални или факултативна посета на  Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Враќање во хотел. Можност за факултативно  ноќно крстрење по Босфор. Ноќевање.

 

3 Ден 24.10.2020 (НЕДЕЛА) Истанбул

 

Појадок . Слободно време или  факултативна посета на паркот МИНИЈАТУРК парк на минијатурни згради од сите периоди на турската историја и анадолиска цивилизација во Истанбул . Распространет на површина од 15.000 квадратни метри со над 122 предмети изработени во сооднос 1/25 изработени се со посебна грижа и прецизност и совршено кој  го отсликува секој детал од одредена зграда . Меѓу моделите се наоѓаат Аја Софија, Џамијата Селимије, тврдината Румели, Кулата Галата, куќите од населбата Сафранболу, манастирот Сумела, но и Стариот мост во Мостар. Факултативна посета на  палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на султанот која е претворена во музеј со непроценлива збирка.

Враќање во хотел.Можност за организирана прослава во ореинтален ресторан (факултативно) . Ноќевање.

 

 

4 Ден 25.10.2020 ( ПОНЕДЕЛНИК ) Истанбул- Скопје

 

По појадокот, напуштање на хотелот и организирана посета на еден од најпознатите шопинг центри Форум. Крајот на нашата авантура го комплетираме со релаксиран шопинг на сувенири за најмилите дома; факултативна посета на Аквариум кој е сместен во самиот шопинг центар.Собир на групата и поаѓање за Скопје во 13:00.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    – 79€ /4,900.00 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Автобуски превоз на релација Скопје- Истанбул – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел со појадок
  • разгледи на градот и сите главни знаменитости.
  • Придружник од агенцијата во текот на целото патување
  • Организација на патувањето

     

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Крстарење по Босфор – 15€ мин 30 патника
  • МИНИАТУР ПАРК 10€
  • Влезница во Топ Капи – 15€
  • Влезница во Долма Бахче Сарај 25€
  • Посета на терасата Сафир со 4Д проекција 15€
  • Вечера во нациоанлен ресторан 30€
  • Патничко – осигурување 185ден.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *