ta.vior2@gmail.com

САРАНДА – КСАМИЛ – ЃИРОКАСТРО

1 ДЕН. 27.08.2020

Состанок со групата во 22.00 часот на Дрво Декор, паркингот спроти Холидеј Ин. Поаѓање за Саранда во 22.30 час.Се патува преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 28.08.2020

Во утринските часови попатна посета на Ѓирокастро или Аргирокастро – името на градот значи ‘’ Сребрена тврдина ‘’ и воедно е вклучен и е под заштита на УНЕСКО за светско наследство како редок пример на добро сочуван отомански град. Имено градот е познат и како родниот град на Енвер Хоџа. Посета на стариот дел на градот , старата турска чаршија изградена во 17 век, како и посета на родната куќа на Енвер Хоџа. Во предпладневните часови пристигнување во Саранда. Сместување . Слободно попладне и можност за релаксација на преубавите плажи на Јонско Море. Во вечерните часови можност за прошетка на шеталиштето на Саранда, кое располага со голем број на ресторани и таверни, како и кафулиња и барови за сечиј вкус и возраст.Ноќевање.

3 ДЕН: 29.08.2020

Во утринските часови поаѓање за Ксамил – туристичко градче оддалечено само 10 км. од Саранда, кое според убавината на плажите и морето се споредуваат со најпознатите егзотични места. Целодневна релаксација на плажите во Ксамил или посета на малите локални островчиња. Ксамил располага со 7 плажи Bora Bora, Paradise Beach, Guvet, Bela Vista, Lori Beach ….. Во попладневните часови враќање во Саранда. Ноќевање.

4 ДЕН: 30.08.2020

Поаѓање за Македонија во доцните утрински часови. Попатна посета на реткиот природен феномен ПЛАВО ОКО познато како BLUE EYE или на албански SYRI I KALTER – во минато било резервирано за посета само за комунистичката елита на Албанија, а денес оваа природна убавина е достапна за сите. Плаво око или познато како дупка без дно, е најголемиот извор во Албанија, во која се спојуваат подземни води и извираат на површина. Длабочината на изворот сеуште не е испитана , според некои истражување изнесува 50 – 80 метри. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: 75 €

Во цената е вклучено:
• 2 ноќевањa во приватни апартмани во Саранда ( компетно опремени )
• Превоз до наведената дестинација
• Посета на Ксамил и Ѓирокастро
• Туристички пратител во текот на патувањето

НАПОМЕНА:
• Трансфер од Битола и Прилеп – доплата 10 евра
• Може да се патува само со лична карта и без PCR тест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *